Зошто Спасовски мисли дека Мијалков е во Македонија?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата за скандалот Мијалков изјави дека според неговите информации избеганиот екс шеф на УБК е во Македонија.

Спасовски не откри врз основа на што го има овој став за местото каде што во моментов се наоѓа Мијалков.

Дали Спасовски има некакви информации или индиции за неговата локација , дали можеби има комуникација меѓу власта и луѓе блиски на Мијалков или пак се работи само за чувство на Спасовски Мијалков да не е избеган во странство, се прашања на кои одговорите ќе се знаат најбрзо до четврток до кога е рокот во кој по налог на премиерот сите инволвирани институции мора да ги расчистат дилемите околу бегството на Мијалков.