Калашњиков на профилна – Уште еден од напаѓачите во контрола на летање е од ДУИ вработен во МНАВ

Најмалку уште еден од напаѓачите во Контрола на летање е од ДУИ вработен во МНАВ.

Третиот од осомничените за инцидентот во МНАВ каде била загрозена безбедноста на македонското и европското небо е Рамадан Брава кој важи за моќен фактор во скопскиот огранок на ДУИ.

Според неговиот Фејсбук профил и Брава е вработен во МНАВ како службеник во службата за општи работи.

И Брава како шефот на ДУИ во Чаир Беким Незири и останатите шест осомничени за упадот во МНАВ се соочува со затворска казна од најмалку 5 години според членот 303 од кривичниот законик.

Од сликите на социјалните мрежи се гледа дека Брава имал пристап до говорницата од каде во Мала Речица се обраќаат Ахмети и највисоките функционери на ДУИ.

На неговата насловна фотографија на Фејсбук тој има поставено слика на човек во униформа на ОНА (УЧК) со калашњиков во рацете.

Јавноста победи, обвинителството го однесе шефот на ДУИ во Чаир со лисици на раце на суд