Јавноста победи, обвинителството го однесе шефот на ДУИ во Чаир со лисици на раце на суд

Откако минатата недела СДСМ и ДУИ го спасија внукот на Али Ахмети Дрин кој беше фатен со голема количина на пиротехника денеска власта попушти.

Вечерва во Македонија се случува голема победа на јавноста чиј притисок не можеа да го издржат ниту министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ниту шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски кои мораа да ги гонат насилниците од ДУИ кои тепаа во МНАВ.

Вечерва припадници на специјалната полициска единица Тигар во Кривичниот суд во Скопје е однесен шефот на скопската испостава на ДУИ Беким Незири кој заедно со уште 7 луѓе ќе одговара за нападот во МНАВ.

Незири во судот е однесен со лисици на раце кои тој ги покрил со облека за јавноста да не го гледа дека рацете му се блокирани.

Четворица од осомничените избегале

Обвинителството само за четворица бара притвор од Кривичен, другите 4 напаѓачи во М-НАВ побегнале