УПОЗ: Бесими да си поднесе оставка и да се подготви за кривична пријава

Оставка е првата работа што треба да ја направи министерот за финансии Фатмир Бесими наместо да носи одлуки со кои ја покажува неспособноста за раководење со институцијата, вели првиот синдикалец на УПОЗ, Трпе Деаноски. Синдикалците, на Бесими му порачуваат да се подготви за евентуална кривична пријава  бидејќи го прекршил Член 166 од Кривичниот законик.  

Членот 166 од КЗ ги регулира кривичните дела против работните односи во истиот се наведува дека тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството и така натаму ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. 

Ваквата ситуација произлегува токму од одлуката на министерот за финансии, Фатмир Бесими кој се предомисли па на Владина седница договорија дека вработените во финансии сепак нема да добијат покачување од 30 проценти. Во соопштението на оваа институција с енаведува дека: 

„Поради неможноста на утврдување на специфичноста на работните задачи и посебната одговорност која произлегува од работната позиција, примената ќе ја регулираме со допрецизирање на одредбата од Законот за Буџети или со самиот Закон за систем на плати во јавниот секторот, кој е во завршна фаза на подготовка како системско решение ва рамки на јавниот сектор.“ – се наведува во соопштението на МФ. 

За ваквата одлука на Бесими, на 122-та седница, Владата го утврди и текстот на Предлогот на Законот за изменување на Законот за буџети, измените се во насока на бришење на одредбата за зголемување на платите на вработените во Министерството за финансии за 30 проценти поради. Ваквиот предлог ќе треба да с енајде пред пратениците во законодавниот дом. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сите вработени, во приватниот и државниот сектор треба да имаат повисоки плати поради тоа нема да го поддржат предлогот на Владата соп ојаснување дека пари во буџетот има ако не се трошат на тендери, провизии и богатење на функционерите на власта. 

„Не се согласуваме со предлогот на Владата за двоење на вработените во МФ, бидејќи согласно заеднички донесениот Закон за буџети сите вработени, од сите сектори треба да добијат покачување на платата, а не само одредени сектори. Ваквиот предлог од Владата, ние нема да го поддржиме.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од пратеничката група на СДСМ велат дека ќе ја поддржат одлуката на Бесими а со тоа и на Владата и ќе гласаат ЗА.