Бугарското Министерство за надворешни работи ја демантира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој изјавил дека не знае за најава за заедничко чествување на Делчев.
Според бугарската дипломатија, Владата на Македонија добила порака дека бугарската делегација ќе присуствува на комеморацијата на Гота Делчев. Испратени се и три вербални ноти, прецизираат од бугарското МНР.
Министерството за надворешни работи на Бугарија индиректно тврди дека македонскиот премиер лаже односно официјално ја демантира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека Владата на Македонија не добила порака дека бугарската делегација ќе присуствува на комеморацијата на Гоце Делчев.
,,Амбасадата во Скопје и официјално ги извести соседите на југозапад дека официјалната бугарска делегација, предводена од вицепремиерот Иван Демерџиев, утре ќе положи венец и ќе оддаде почит на гробот на Гота Делчев. Испратени се и три вербални ноти”, прецизираат од МНР.
Ковачевски денеска рече дека Гоце е голем но не и македонски револуционер
Пендаровски го ,,уништи” Ковачевски, тотална некоординација во државниот врв за Делчев