Следува ли кривичен прогон за Макрадули, Владата не елаборира за експресната смена

Владата се уште не открива зошто го смени Јани Макрадули, директор на ЈП Македонска Пошта кој на чело на институцијата беше од декември 2020 година.

Со тоа Макрадули стана директор на Македонска Пошта со убедливо најмал стаж од 17 месеци во историјата на Македонија.

Во владината информација нема детали за причините на смената што отвара дилеми дали и Макрадули е предмет на кривично – правен прогон.

,,На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија”, објавува владата во своето соопштение без да даде било какво образложение за смената.

Expres.mk предходно објави дека Макрадули бил информиран за набавката на ,,Физибилити студијата” платена 940 илјади евра од страна на екс генералниот секретар на владата Мухамед Зекири.

Според информациите на expres.mk Макрадули не е тој што го пријавил својот партиски другар Зекири иако ги имал сите информации за набавката во четири очи.

Овие информации досега не ги демантираше никој во Македонска пошта или во владата.

Молкот на владата за другиот крупен случај поврзан со шефот на Финансиската полиција Арафат Муареми и информациите од таму дека Илинденска не сака да коментира за случаи за кои се води предистражна постапка укажува на можност и за сменетиот Макрадули да има некаква постапка за која јавноста се уште не знае ништо.

Неговиот партиски другар од СДСМ и соработник во случајот ,,Физибилити студија” за Македонска пошта Мухамед беше притворен и се наоѓа во притвор од 30 дена.

Досега Јавното обвинителство јавно не го спомена Макрадули како дел од спорната набавка на владата на документ за приватизација на Македонска пошта за кој биле платени по повеќе од 1000 евра за една страница текст.

Макрадули кој триесетина години е во политиката како функционер и пратеник, предходно беше заменик министер за екологија а пред десетина години неуспешно беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје.

Десетина дена по огромниот скандал владата го менува директорот и кажува-недокажува

Макрадули официјално ,,паднал” за лоши резултати, нема експлицитно отфрлање на врска со случајот Зекири