Макрадули официјално паднал за лоши резултати, нема експлицитно отфрлање на врска со случајот Зекири

Македонската влада препорачала смена на Јани Макрадули од претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта на Северна Македонија“ заради подобрување на состојбите во компанијата, одговори денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

„Владата му препорача на Надзорниот одбор да го разреши Јани Макрадули заради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на менаџментот“, рече Арсовски.

На прашање дали разрешувањето е поврзано со случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој е осомничен бидејќи без јавна набавка склучил договор за консултантски услуги за изработка на физибилити студија за „Пошта“, Арсовски само го повтори истиот одговор за причините и препораката на Владата Надзорниот одбор да го разреши Макрадули.

Откако во вчерашното владино соопштение немаше никакво образложение за смената на Макрадули expres.mk ја постави дилемата дали тој е сменет поради поврзаност со случајот ,,Зекири” кој во 4 очи набавил милионска Физибилити студија за претпријатието што го води Макрадули, Македонска пошта.

Владата денеска експлицитно не отфрли дека и тоа може да биде причина за смената.

Првичен текст

Следува ли кривичен прогон за Макрадули, владата не елаборира за експресната смена