Ексклузивно: Пред да биде суспендирана Русковска планирала да апси министер во владата

Пред да биде суспендирана од позицијата шефица на одделот за гонење организиран криминал во јавното обвинителство Вилма Русковска планирала да апси моќен министер во владата на СДСМ и ДУИ.

Извори во Јавното обвинителство кои го знаат предметот тврдат дека се завршени сите потребни предистражна постапки за случајот во кој е инволвиран министерот и прибавени се сите неопходни докази за прекршување една законот.

Планот според изворите во ЈО бил Русковска да го уапси министерот и тој да оди во притвор со цел да не влијае на сведоци, да не може да го повтори делото и да не може да избега во странство.

Во моментов министерот за кој е веќе утврдено од страна на ЈО за организиран криминал корупција дека го прекршил законот со што се направени услови за голема трагедија, може да го повтори делото, да ја напушти Македонија и да влијае на сведоци во постапката.

Изворите во ЈО за expres.mk тврдат дека прибраните докази јасно и недвосмислено укажуваат на прекршување на постапката за која е одговорен лично министерот.

Изворите на expres.mk тврдат дека министерот може да купи време и со назначување на обвинителката Лиле Стефанова како замена на Русковска, да се спаси привремено од прогон но дека делото кое го сторил не застарува брзо и тој еден ден сигурно ќе се најде на листата на ЈО како осомничен.

Упатени во случајот тврдат дека документите кои се клучни за случајот против министерот не можат да се скријат или уништат и прашање на време е кога тие ќе бидат употребени во обвинение против него.

Обвинителката Русковска пред три дена најави дека идната недела планирала да почне распит на сведоци за случајот Станица за Технички преглед во кој се вршела регистрација на автобусите на Беса транс но не откри детали за апсење.

Според изворите на expres.mk моќниот министер кој бил цел на апсење на Русковска дознал за планот на обвинителката по што со политички притисок врз државниот обвинител Љубомир Јовески е издејствувана суспензија за Русковска.

Обвинителот Јовески кој предходно имал најмалку две причини за суспензија на двајца други обвинители сега ја суспендира Русковска иако знае дека нема основа за таквиот чекор кон неа со што според изворите и самиот прави кривично дело.

И министерот кој треба да се апси и Јовески се надеваат дека Русковска нема да оддава службена тајна и дека работата ќе се среди без скандал но забораваат дека материјалите кои го докажуваат криминалот на министерот и поведението на Јовески може да се веќе доставени до странски амбасади и медиуми преку свиркачи.

Најнова вест

Северна му донесе бериќет

Му тргна откако гласаше за смена на уставот: По сопругата го вработил и синот во МВР