Му тргна откако гласаше за смена на уставот: По сопругата го вработил и синот во МВР

По вработувањето на сопругата во МВР пратеникот Зекир Рамчиловиќ вработил уште еден член на семејството во полицијата.

Рамчиловиќ кој беше еден од осумте пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои се одметнаа и гласаа за промена на уставот, се пофалил дека си вработил еден од своите синови како полицаец во МВР.

Предходно откако тој гласаше за промена на уставното име во Собранието ја вработи и брачната сопатничка во МВР.

Сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ од април 2019 година работи во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница што е висока позиција во номенклатурата на МВР.

Синот на Рамчиловиќ стана полицаец во група со други околу 600 луѓе а сопругата на пратеникот се вработи во МВР со групата во која беше и келнерот на екстехничкиот министер Агим Нухиу кој сега работи како советник во СВР.

Меѓу луѓето за кои во јавноста се коментира дека се вработиле како награда за гласањето на нивните роднини за уставните измени се и членови на семејствата на пратениците Мира Стојчевска, Емилија Александрова и Горан Мисовски, сите со работни места во државни институции.

Пред да го вработи синот во МВР Рамчиловиќ протестираше против принципот на вработување на малите заедници како Бошњаците.

Откако го вработи синот во МВР Рамчиловиќ молчи за принципот на вработување на малите заедници во институциите.

Најчитана вест

Ексклузивно: Пред да биде суспендирана Русковска планирала да апси министер во владата