Пратеник до вицепремиерот ,,Лево сметало”: Ваши пратеници нема да гласаат за уставни измени

Реакција од пратеникот од милицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов до вицепремерот Артан Груби кој изјави дека имало пратеници од опозицијата кои ќе гласаат за уставните измени кои ги бара Бугарија.

Пренџов за разлика од Груби има сосема спротивни информации

,,‼️ Нека му пренесе некој на Вицепремиерот задолжен за ништо или попознат како “лево сметало” во владата дека од страна на опозициските пратеници НИТУ ЕДЕН нема да гласа за уставни измени.
🗣 А, да, кажете му дека ИМА ПРАТЕНИЦИ од ВЛАСТА, кои што исто така НЕМА да ги гласаат уставните измени‼️”, му порачува Пренџов на Груби кој не кажа врз основа на што власта би придобила пратеници од опозицијата, на програма и план, аргументи, насилство, уцени или злоупотреба на правосудството како со Преспанскиот договор.