Судија на претходна постапка донел одлука да му биде одземен пасошот на д-р Жан Митрв.
Одлуката следува откако Јавното Обвинителство денеска го сослуша и побара мерка за обезбедување.
На Д-р Митрев му зе закануваат од една до 10 години затвор, ако Oбвинителството докаже дека ги измамил пациените во неговта клиниката, лечејќи ги од ковид 19, со системот на хемофилтрација. К
Кај обвинителот Гаврил Бубевски, кој го води овој случај, познатиот кардиохирург се појави по претходна покана за распит, осомничен за кривичното дело измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Денес се огласи и Клинката Жан Митрев. Од таму велат нивниот сопственик бил поканет и уредно се појавил во Обвинителството, а за понатамошниот развој ќе информирале соодветно.
-Клиника Жан Митрев и сега и понатаму целосно соработува со институциите за кои и да било случај. Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е и кон нашите пациенти. Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста, велат од клиниката.
Оваа кривична пријава доаѓа по истражувањето на ИРЛ, кое се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражувале и верификувале речиси две години.
