Неверојатно: Колозова бара Македонците да се извинат за погромот на македонските Евреи под бугарска окупација

Еден од главните апологети на СДСМ во процесот на прифаќање на францускиот предлог и бугарскиот протокол, бара Македонците да се извинат за погромот на Евреите кои во втората светска војна од страна на бугарските фашистички окупатори биле однесени во логорите на смртта од каде не се вратил речиси никој.

Бугарија никогаш досега не се извинила за депортацијата и смртта на 99 % од македонските Евреи.

Колозова која добро знае дека Евреите биле депортирани од страна на бугарските и германските окупациони фашистички власти и однесени со вагони на бугарската државна железница бара извинувањето да дојде од потомците на некогашните соработници на царска Бугарија во окупираната Македонија и од целиот Македонски народ.

Таа бугарските фашистички окупатори ги нарекува ,,администратори” и ” окупатори” во наводници.

Во своето искривено доживување на одговорноста без да посочи никакви сериозни научни историски аргументи таа одговорноста за бугарското систематско уништување на Евреите бара и во партизанското движење кое според неа било заспано при депортацијата на македонските Евреи.

Во своето неверојатно, бизарно и за Македонците навредливо тврдење Колозова ниту еднаш не вели Македонците или македонскиот
народ.

Колозова практично тврди дека Бугарија не ја окупирала Македонија во втората светска војна туку дека окупацијата била спроведена од ,,наши луѓе” кои според нејзиното неверојатно тврдење биле окупатори на својата земја.

,,Сите потомци на некогашните кметови на „бугарската администрација“ кои и ден денес се дел од македонската политичка елита, а и сите ние како народ заедно со нив – поради пасивноста и непреземањето ништо за да се спречи депортацијата (посебно заспаните партизани од тоа време) – треба да се извиниме за депортацијата на Евреите. Бугарија, исто така, но не нам туку на Евреите од Македонија. Безобразно е ние да се изедначуваме со Евреите во тој период. Исто, конечно да се објават архивите за сите Акциски комитети и да видиме колку од „окупаторите“ се локални (јас викам – практично сите), наши луѓе, а нивните потомци и ден денес се видни членови на нашето општество. За да депортирате толку народ, имате локална администрација која и тоа како требала да овозможи услови. Да се објават сите документи со сите потписи за тоа како се обезбедил монополот, како се оперирало од куќа до куќа, колку има улога локалната администрација, и кои се тоа луѓе, па и ние да се извиниме за тој хорор – ако не како држава, која сме ја немале тогаш, тогаш барем како општество”, пишува во своето шокантно тврдење Колозова без притоа да даде било каков историски аргумент.

Тврдењето на Колозова е како некој да бара наследниците на борците од Крушевската република и македонскиот народ да се извинат на турскиот аскер кој го уништил востанието и на башибозучките банди кои силувале, палеле и убивале во 1903 година на територијата на Македонија затоа што комитите ,,биле заспани”.

Предходно Колозова предизвика сериозни реакции во јавноста кога ги обвини демонстрантите против францускиот предлог кои беа нападнати со камења и пиштоли кај плоштадот Скендербег дека влегле во албанско маало и провоцирале Албанци.

Според Колозова македонски демонстранти вчера влегле во албанско маало за да провоцираат