Мицкоски во посета на семејство на загинат во тетовската болница

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, денеска беше во Нераште, каде што посети семејство на жартва од модуларната болница во Тетово.

„Денес бев во Нераште, во домот на семејство кое за жал претрпе огромна загуба во изгорената модуларна болница. Болката е огромна, моето најдлабоко сочувство до семејството“, објави видео Мицкоски на социјалните мрежи.

„Разговарав со двајцата синови на мајката која што е жртва на тие настани. Дел од тоа што го преживеа, пренесоа и навистина можам да изразам големо жалење, затоа што тоа што го слушнав е навистина траорно и трагично и болно. Она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го ветиме и да се обврземе и јас како човек е дека оваа работа, порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај и виновниците мора за ова да сносат одговорност, без разлика дали таа е функционална или морална, вели Мицкоски.

Тој, како што вели, апелира за малку совест, за малку морално ниво од тие кои што се најодговорни да понесат веднаш одговорност за да не ни се повтори ова, а потоа преку една независна и темелна истрага да се констатираат вистинските виновници.

Тој кажа дека власта се обидува да го „заташка“ случајот, но дека тие како опозиција ќе се борат да одговораат тие што треба за оваа трагедија.