Киев повикува да се уништат сите ирански фабрики за дронови

Михаило Подолијак, советник на украинскиот претседател,повика на „ликвидација“ на иранските фабрики кои произведуваат беспилотни летала и ракети, како апсење на оние кои ги доставуваат, пренесува Ројтерс.

Подољак на Твитер напиша дека Иран „очигледно ја понижува институцијата меѓународни санкции“ пред да повика на уништување на иранските фабрики за оружје како одговор на тоа.

Киев го обвинува Техеран дека ѝ доставил на Москва 1.700 беспилотни летала Шахед-136, кои, како што се наведува, се користеле за напади врз цели во Украина од септември.

Иран ги отфрли обвинувањата.

Иран губи трпение со Зеленски: Доста е со неосновани обвинувања

Шефот на украинското разузнавање во интервју рече дека Русија веќе истрелала околу 540 од беспилотните летала врз воени и енергетски цели во Украина.