Истекува рокот од владата: Момироски не се повлекува, бара Битиќи да се подготви за членот 353 од КЗ (ВИДЕО)

Денеска истекува рокот за извинување кој што македонската влада му го дала на новинарот на ,,Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ Горан Момироски, беше објавено во вчерашното издание на емисијата.

Момироски изјави дека нема намера да се извини и да се повлече од тврдењата дадени минатата недела во емисија со шефицата на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, дека постојат индиции за кривично дело Трговија со влијание кај вицепремиерот Фатмир Битиќи и шефот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

Момироски тогаш објави мапа на активности и линкови меѓу институции и функционери по кои сопругите на Битиќи и Муслиу како дел од невладин конзорциум биле дел од проект вреден 618 илјади евра.

Вчера Момироски рече дека е подготвен за судењето по тужбата од владата на кое ќе бидат дообјаснети многу други детали во врска со случајот кој веќе и е предаден на претседателката на Антикорупциската комисија.

Во емисијата Момироски му сугерира на вицепремиерот Битиќи да се подготви и за уште еден судски случај, да најде добар адвокат и да го анализира членот 353 од Кривичниот законик без да прецизира за што точно станува збор.

Што изјави Момироски за тужбата од владата од 38 минута од видеото на Заспиј ако можеш.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=383414917186164&id=280284355399866

Видеото од оригиналната изјава на Момироски за индициите за кривичното дело Трговија со влијание кај високите државни функционери во овој текст:

По 7 кривични пријави од власта македонски новинар добива и тужба за клевета од владата