Владата ќе го тужи за клевета новинарот на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа Горан Момироски.
Новинарот во вчерашното издание на Заспиј ако можеш открива дека вицепремиерот Фатмир Битиќи испратил барање за извинување и демант и се заканил дека ако не го добие тоа што го бара ќе поднесе тужба до Момироски.
Запрашан дали ќе се извини на вицепремиерот Момироски вели: ,,Ќе биде тоа интересно судење полно со интересни информации”, индиректно давајќи до знаење дека нема намера да се извинува и дека очекува да ја добие тужбата.
Владата ќе го тужи новинарот за минатонеделно издание на емисијата во која се зборува за индиции за кривично дело Трговија со влијание.
Во емисијата Момироски откри дека сопругата на Битиќи и сопругата на Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање под контрола на претседателот Пендаровски, се дел од невладин конзорциум кој добил над 618 илјади евра за проект финансиран од странски донатори.
Предходно Момироски за три години има добиено 7 кривични пријави од носители на владини функции: Драги Рашковски, Еролд Муслиу назначен од Стево Пендаровски и две се уште активни кривични пријави кои ги процесира скопското јавно обвинителство на Гаврил Бубевски.
Вкупните максимални запретени казни за седумте кривични пријави против Момироски се над 60 години затвор.
Делот од емисијата каде Момироски зборува за индиции за корупција во владата од 38 минута во видеото на Заспиј ако можеш