,,Нема да ви помине”, во инцидент близок на градоначалник оштетил возила на политичка партија

Човек близок на градоначалник на СДСМ во општина Росоман оштетил возила на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, обвини потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

Тој откривајќи го инцидентот порача дека актот на паника нема да го заплаши ВМРО-ДПМНЕ и тие што заплашуваат ќе одговараат пред законот.

,,Вечерва во Росоман да им кажам јасно на насилниците од уплашениот СДСМ – ниедно насилство и притисок НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!

📌 Во Росоман сум по вчерашниот инцидент кога активист на СДСМ близок на градоначалникот на Росоман оштети возила на членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е акт на паника.

Кај ВМРО-ДПМНЕ насилство и заплашувања не поминуваат!

👉 Ќе ве победиме, а потоа сите ќе одговарате за криминалот и корупцијата во кој сте навлезени. Нема попуштање”, објави Николоски.