По расколот во Алианса на Албанците, Зијадин Села, вели дека моментално неговата фракција во АА има две опции: Да настапи на избори со Коалицијата ВРЕДИ или со Европскиот фронт на ДУИ или – воопшто да не учествува на избори.

Втората опција, која би го оставило крилото на Зијадин Села надвор од парламентарните избори е поради се уште нерасчистениот спор кому припаѓа печатот Алијанса кој моментално е во рацете на Арбен Таравари.

Во меѓувреме се прошири вест дека веќе билк постигнат договор за настап со коалицијата предводена од ДУИ, која на Зијадин Села му понудила пет пратенички места, од кои едно добитно за него.

Села ќе ја предводи листата на ДУИ во ИЕ 5 за да стане пратеник

Доколку се приклучи кон коалицијата предводена од ДУИ која очекува да освои 20 пратенички места, неофицијалните информации се дека Зијадин Села ќе биде носител на листата во ИЕ 5.

Од друга страна, од коалицијата ВРЕДИ го повикаа Села да ги здружат силите, за што Арбан Таравари понуди да ги обезбеди потребните печати за кандидатите фракционери кои би настапиле како незавуисни. Рокот за изјаснување е – сабота.

Одлука – дали и со кого на избори – се очекува да биде донесенана денешното Централно собрание на фракцијата на Алијанса за Албанците, на Зијадин Села.