Штркот од Могила, Силјановска и македонските бранители (ВИДЕО)

,,Штркот од Могила, Силјановска и македонските бранители” е насловот на видеото во кое се гледа еден штрк како го гради своето седало додека новата претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова зборува како треба државата да се однесува кон тие што се подготвени да го дадат својот живот за нејзина одбрана.

Видеото е снимено минатата недела на предизборен митинг во општината Могила.