Честитки за новата претседателка Силјаноска Давкова од Илир Мета

Честитки за изборот на Гордана Силјановска Давкова, стигнаа од поранешниот албански претседател Илир Мета.

„Искрено верувам дека таа ќе одигра многу важна улога во натамошното зајакнување на одличните меѓусоседски односи меѓу нашите две земји и народи, како и во подобрувањето на меѓуетничкиот соживот во Македонија” – посочува Мета во честитката објавена на социјалните мрежи.

Убеден сум дека претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе даде нов поттик на билатералните односи во поглед на перспективата за што поскора заедничка интеграција во Европската Унија“ – напиша поранешниот албански претседател во објавата на Фејсбук.