Денеска во попладневните ;асови се очеква метеоролошка нестабилност, со локален пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, предупредуваат метеоролози.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Сите итни случаи, како што велат од ЦУК, да се пријават на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.