Цените нема да експлодираат овие два месеца – потоа е неизвесно, оти нема кој да работи во производството

Во следните месец ипол, или два месеца цените на прехрамбените производи ќе мируваат, односно ќе останат како и до сега. Ова се очекувањата од Агро-бизнис комората. Од таму смируваат дека веќе извесен период има раст на цента на житото на светските берзи, но за сега тоа нема да се прелее на домашен терен. Сепак, по овој краток период во кои се очекуваат стабилни цени ќе се прави нова анализа, затоа што од една страна е руско-украинскиот конфликт, а од друга состојбата на Блискиот Исток од која пак најмногу зависи цената на нафтата.

  • „Утрово читав дека можеби Израел ќе го нападне оној дел Рафа. Повторно започнување на војна директно имплицира зголемување на цена на нафта. Раст на цена на нафта е потенцијална можност за повисоки цени на суровини за прехранбена индустрија“, вели Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комора при ССК.

Сепак Ѓорѓиевски вели дека големиот притисок и проблеми што ги имаат се од друга природа, односно тоа се проблемите со човечките ресурси кои заминуваат во западните и туристичките земји како Грција и Хрватска.

  • Големиот притисок и проблеми што ги имаме се од друга природа, тоа се проблемите со човечките ресурси, големиот одлив на човечки ресурси особено од оние што работат на овој сегмент и што одат во другите земји. Проблем е и ликвидноста на компаниите кои се соочуваат со недостиг на финансии“, додаде тој.

Од бројките може да се види дека повторно кај цените на овошјето и зеленчукот има најголем раст. Помало зголемување има кај цените на млекото, сирењето, јајцата и лебот. Во меѓувреме, статистика излезе со нови бројки за инфлацијата. Таа во април годинава во однос на истиот период лани, е повисока за дури 4 отсто, што на големо им ги јаде парите на граѓаните.