Хисени: Слоганот „Албанците ја освоија Македонија“ ги мобилизира Македонците масовно на изборите и да ја поддржат ВМРО ДПМНЕ

„Осврнувајќи се на важноста на одржаните парламентарни и претседателски избори во Македонија и на нивниот резултат, политичкиот аналитичар од Македонија Блерим Исени изјави дека поставувањето на Албанците на високи позиции во институциите на Македонија ги поттикна Македонците масовно да излезат на парламентарните и претседателски избори и да ја поддржат ВМРО ДПМНЕ.“ – објавија „Газета 10“ и ТВ 10 на албански јазик, кои се дел од мултимедијалната платформа „10“ од Приштина, Косово, по нејзината синоќешна ТВ емисија „Политико“. Инаку, Блерим Хисени е поранешен долгогодишен новинар, а сега е заменик-претседател на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, поставен на оваа позиција уште од 2009 година (од октомври 2018 до декември 2019 и нејзин претседател).

„Бота сот“ пишува: Македонците не замислуваа дека во нивната земја ќе биде поставен еден албански премиер, тоа ги поттикна да се мобилизираат.“ – рече Хисени.

Тој додаде дека слоганот „Албанците ја освоија Македонија“ ги направи Македонците почувствителни.