Функционер на Левица ќе ја бојкотира Силјановска или на ливчето ќе нацрта п*нис

Функционер на Левица најавува дњка на денот на изборите ќе ја бојкотира кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова или на ливчето за гласање ќе нацрта п*нис.

Функционерот Горан Костовски кој е советник на Левица во општина Аеродром, најави дека како ДУИ тој ќе ги бојкотира претседателските избори, јавува Радио Лидер.

Во неговата објава која ја пренесуваме во продолжение тој како причина за бојкотот наведува наводна лажна вест според која лидерот на Левица нема да ја поддржи Гордана Силјановска Давкова а која всушност е вистинита.

,,После овој неброен по ред фејкњуз од кујната на гнасните преститутки од ДПМНЕ ме предомислија во намерата да гласам за Гога.

Се думам дали да им нацртам ку*ац на ливчето или уопште да не земам ливче.

Глас од моја фамилија и блиски другари гогичињата нема да видат. Фала многу и пријатно”, напиша Костовски на социјалната мрежа Фејсбук.

,,Костовски е дел од листата на Левица во Избиената единица 2 и со овој негов став не ја следи линијата на лидерот Апасиев кој на индиректен начин го поддржа Стево Пендаровски. Сепак гледиштето на Костовски е поблиску до ставовите на ДУИ”, пишува Радио Лидер.

Предходно скопски адвокат праша дали Левица со своето однесување одработува за Зоран Заев

Адвокатот Митровски за Апасиев: Значи, дојде време да се враќа долгот кон Заев