Тетово и Струмица меѓу најзагадените во светот

Два македонски града во топ 10 на листата на најзагадени градови во Европа во 2023 година.

На 8-то место е Струмица, а на 9-та позиција е Тетово. Србија, Босна и Херцеговина исто така имаат по два града на листата, а Црна Гора еден. Од другите европски земји во топ 10 е единствено Италија. Прв на листата е Плевља, а потоа се Торкиароло, Тузла и Зеница (Босна и Херцеговина), италијанскиот град Чеглие Месапика, потоа Бијело Поље во Црна Гора. Додека два града од Србија , Чачак и Врање, се на самиот крај од листата. Македонија со години има проблем со аерозагадувањето.

Претходно, на различни рангирања Македонија и БиХ беа едни од најзагадените земји во Европа.


Извор: https://faktor.mk/urivame-crni-rekordi-dva-makedonski-gradovi-se-na-listata-najzagadeni-vo-evropa