„ Со жалење денеска од еден многу сериозен албански медиум како што е Топ-ченел дознав дека синоќа сум се сретнал со господинот Ахмети и други функционери на ДУИ, за да слушнам понуда од него“ , реагираше вчера претседателскиот кан дидат на ВРЕДИ мна информацијата лиферувана од албанскиот „Топ ченл“ дека наводно имал средба со Али Ахмети веднаш по завршувањето на првиот круг претседателски избори.

„Не, не е вистина. Кој и да ја дал оваа вест на „Топ-ченел“, лаже. Синоќа му честитав на мојот тим и мирно денеска продолжуваме со нашата работа. Кон промената! Навикнат сум на понудите на Ахмети и мислам дека не би било изненадување доколку дојде до мене, но оваа вест е лажна“, рече Таравари.

Инаку во споменатата „информација“ се вели дека „Таравари добил сериозна понуда од Ахмети да се приклучи на „Европскиот фронт’“.

„Неколку часа по поразот на вчерашните претседателски избори, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари одржал тајна средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети и техничкиот премиер на С. Македонија, Талат Џафери. Самиот Таравари ја потврди средбата за домашните медиуми, но не сакаше да даде повеќе детали. Прашан дали ќе ја прифати понудата што му ја дал првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Таравари изјави дека наредните денови јавно ќе проговори. Медиумите објавија дека на средбата на која присуствувал и еден министер од ДУИ во владиниот кабинет, Ахмети му дал сериозна понуда на Арбен Таравари да се приклучи на „Европскиот фронт“ и сега се очекува неговиот конечен одговор – објави „Топ-ченел“.