Таравари: Го загубивме Гостивар со 370 гласови разлика, оти Турците и Ромите соработуваа со ДУИ, но следи промена со „Вреди“ во Владата

„Во Гостивар загубивме со 370 гласа разлика. Оваа разлика ја создадоа Турците и Ромите, кои соработуваа со ДУИ. Но, среќен сум и благодарен за 10.632 гласа на Албанците и најголемата вест е дека конечно по овие години на режимот со нас промената се направи!“ – објави на фејсбук Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и дел од коалицијата „Вреди“. Објавата на Таравари ја пренесе ТВ Клан Македонија.