Спречен заговор за атентат врз Зеленски

Украинските разузнавачи соопштија дека спречиле руски заговор за атентат на претседателот Володимир Зеленски. Украинската служба за државна безбедност (СБУ) објави дека фатила руски агенти кои биле вработени во украинската државна гарда. Од СБУ соопштија дека руски агенти планирале да го убијат претседателот и други високи владини функционери.

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети, подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ, Василиј Маљук и врз шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок“ за Владимир Путин пред денешната инаугурација.

СБУ на својот канал Телеграм објави дека руски таен агент ги пренел координатите на безбедната куќа пред планираниот воздушен напад. Претставниците на разузнавањето додадоа дека Русија планирала да ги уништи сите траги од дронот користен за гаѓање на претседателот со друг проектил.

„Непријателот активно развиваше планови за отстранување на претседателот Володимир Зеленски. Една од задачите на руската разузнавачка мрежа ФСБ беше да бара џелати меѓу војниците блиски до службата што го штити претседателот, кои би можеле да го убијат шефот на државата“ – објави СБУ.

Од Украинската служба за безбедност потврдија дека цел на руската акција покрај Зеленски биле уште неколку високи укарински функционери.

– Ограничен број луѓе знаеја за нашата специјална операција и јас лично го следев нејзиниот напредок. Терористичкиот напад, кој требаше да биде подарок за Путин пред инаугурацијата, всушност беше неуспех на руските специјални служби. Но, не смееме да заборавиме – непријателот е силен и искусен, не смее да биде потценет. Ќе продолжиме да ја планираме и работиме нашата работа, секој предавник да ги добие заслужените судски казни – рече Маљук.