Скопските ресторани имаат еден куп нови правила

Нови правила на игра. Во скопските ресторани ретко се користи опцијата „а-ла карт” за организирани семејни прослави, родендени, крштевки, матурски вечери. Сепак, има неколку ресторани кои гостите ги пречекуваат само со овој тип на послужување, каде што можат да си нарачаат јадење од менито, а не да им биде донесена чинија со претходно договорена порција, пишува порталот Пари.

Денар на оваа тема разговараше со сопственик на ресторан во Центар, кој ги објаснува причините зошто не се дозволени индивидуалните нарачки.

  • Во нашиот ресторан не дозволуваме а-ла карт послужување. Оваа одлука е заснована на практични причини. Готвачите треба да се фокусираат на приготвувањето на храната и да не губат време на индивидуални нарачки. Нашата цел е да ги задоволиме сите гости, а предвидувањето на различни а-ла карт нарачки може да биде многу комплицирано“, вели соговорникот за порталот Пари.

Тој посочува дека многу полесно е кога однапред се знае бројот на гостите и кога однапред се подготвени порциите.

Кога ресторанот има голем број на гости, индивидуалните нарачки можат да им направат проблеми на готвачите. Подготвувањето на различни а-ла карт нарачки може да потроши многу време и ресурси. Затоа, многу ресторани се одлучуваат за предварено договорени порции. Кога сите гости ќе добијат иста порција, ресторанот може подобро да го контролира квалитетот на храната. Ова е посебно важно за специјални поводи, каде што секој гостин треба да биде задоволен. Предвремено договорените порции им овозможуваат на рестораните да ги планираат своите трошоци и да избегнат фрлање голема количина храна. Исто така, некои ресторани може да имаат посебни договори со добавувачите за определени порции – објаснува сопственикот на ресторанот.

Од друга страна, има граѓани кои не се задоволни со понудата и инсистираат на а-ла карт послужување.

  • Се обидовме да најдеме ресторан каде што можеме да имаме а-ла карт послужување за нашата прослава. Но, на секое место добивме ист одговор: нема можност за а-ла карт, туку само по порција која чини од 1.000 денари па нагоре. Се чини дека ова е стандард во градот”, коментира Десанка Васовска од Ѓорче Петров.

Таа вели дека не сака своите гости да ги ограничува на 4 часа. Повеќе на Пари.ком.мк.