Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села и коалиционен партнер на ДУИ останува на ставот дека треба прво да се донесат уставните измени, а потоа да се формира Владата.

Дебатата околу уставните измени, според него, е завршена и треба само да се гласа.

„Откога ќе се направи новото мнозинство, треба да седнеме и да ги изгласаме уставните измени. Од формално-правен аспект немаме никаков проблем бидејки фактот дека ќе се случат избори не значи дека ќе имаме нова држава.

Истата држава е и продолжуваат седниците од минатиот состав на Собранието и ние можеме да ги гласаме уставните измени. Тоа би бил условот за креирање на новата Влада“, вели Села.

„Тоа е услов – или го прифаќаш или треба да кажеш дека не си за членство во ЕУ“ вели Села во интервју за МИА. 

„Тие се двата патишта. Сите политички актери кои излегуваат пред граѓаните со програма за зачленување во Европската унија треба да бидат подготвени првиот ден кога ќе се состави новиот Парламент да гласаат за уставните измени и да продолжиме…“