Четири лица се тешко повредени, а 11 се полесно повредени денеска откако патнички авион на „Ер Сенегал“ излета од пистата при полетување на меѓународниот аеродром кај Дакар.

Во авионот за време на несреќата имало 78 патници, соопштено е од аеродромот кој бил привремено затворен.

Во тек е истрага за причините за несреќата, која се случила во 01 часот по локално време, јавува Ројтерс.

Снимката ги покажува последиците од падот на авионот на Трансера прекриен со пена за гаснење пожар на аеродромот Дакар во Сенегал.

Левото крило и моторот наводно се запалиле при слетувањето, а се работи за авион Боинг 737.

Инцидентот се случи еден ден откако беше објавено видео од Турција кога авион Боинг исто така се обиде да изврши принудно слетување, удри во пистата и го изгреба носот на бетонот.

Свиркачот Сантијаго Паредес од Боинг, кој работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време беше кога ќе се случи нешто лошо“, мислејќи на серијата дефекти на авионите на компанијата во изминатиот период.

Паредес работел 10 години во фабриката „Spirit Aerosystems“ во американската сојузна држава Канзас, каде што ја проверил исправноста на труповите на авионите Боинг 737 пред да бидат испратени во Боинг, пренесува CBS News.

„Ако квалитетот беше важен, јас сè уште ќе бев во Spirit, рече Паредес, додавајќи дека менаџерите за квалитет често наоѓале дефекти на авионот чија врата паднала при лет во јануари.

Тој истакна дека Боинг со години знаел дека Spirit испорачува трупови со дефекти и дека „само прашање на време беше кога ќе се случи нешто лошо“.