Орбан и Вучиќ први им честитаа на изборните победници во Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ се првите странски државници што јавно им упатија честитки на изборните победници во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и Гордана Силјановска-Давкова на претседателските.

„Честитки за ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска-Давкова за нивните заслужени и историски победи на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија. Со нетрпение очекувам да работиме заедно на давање нов моментум на пристапниот процес во ЕУ на Северна Македонија!“, порача Орбан на Твитер. 

„Ѝ ја честитам победата на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на Северна Македонија со желба таа успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно на зајакнување на односите меѓу Србија и Македонија за напредокот и благосостојбата на нашите народи, како и за просперитетот на целиот регион“, твитна Вучиќ.