Обид за кражба во Чаир во место каде се чува изборниот материјал

Три лица се обиделе да влезат во објектот на општина Чаир каде што се чува изборен материјал. Како што информираат од полицијата, лицата биле забележани од дежурниот полицаец кој го обезбедувал просторот додека се обидувале да ја отворат предната врата по што избегале

-Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – известуваат од МВР.