НЕПОТИЗАМ: Пендаровски сепак го пратил Стојановски во Лондон (ВИДЕО)

Претседателот Пендаровски сепак го пратил полковник Владимир Стојановски како одбранбено аташе во Лондон.

Иако на дебатата во Канал 5 запрашан од Силјановска дали го испратил својот роднина полковник Стојановски на неколку дена пред да бидат закажани изборите Пендаровски негираше, сепак вистина е друга.

Според документ – указ потпишан од Пендаровски на 9 Февруари 2024 година Стојановски бил назначен за воено аташе во Лондон.

Пендаровски при кандидатурата објави дека нема афера со непотизам но сепак документот покажува дека негов роднина е назначен за Лондон.

Целата дебата на Канал 5