Не им личело да се откажат – Спасовски повикува на мобилизација

По поразот на првиот круг на претседателските избори, Оливер Спасовски од СДСМ повикува на масовност и мобилизација. Не им личело да се откажат.

„Не ни личи нам од СДСМ да застанеме и да не се бориме, не застанавме кога зависеше дали ќе останеме живи на 27 април, останавме цврсти, успеавме да го срушиме режимот.
Одговорноста на СДСМ е дотолку поглема да направиме се’ да не ги разочараме идеалите и да не ги напуштиме идеалите на нашите предци, оние кои се вградени во темелите на современата македонска држава. И, точно е дека оваа држава е создадена на телемите на Народноослободителната борба и на борбата на партизаните, и тоа никогаш не смее да го заборавиме и никој никогаш нема да биде поголем чувар од СДСМ за овие вредности.
Не смееме да се откажеме од инднината! Масовно на 8 мај за бројот 1!“, напиша тој на фејсбук.