МПЦ – ОА со повик за изборите: Да го искористиме дарот од Бога и масовно да излеземе на гласање

На денот на изборите Македонската православна црква Охридска архиепископија упати повик за изборите во кој се бара граѓаните и верниците да го искористат дарот од Бога и масовно да излезат на гласање за да учествуваат во креирање на иднината на Македонија.

,,Почитувани верници и граѓани на Република Македонија,

Изборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот така и за сегашноста и иднината на народот и државата.

Изборите се можност кои ни се дадени за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и иднината на поколенијата по нас. Слободната волја и правото на избор се дар од Бога дадени секому. Па, наша должност е да го искористиме и овојпат тоа право!

Затоа, почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани, Ве повикуваме да излеземе масовно и да гласаме!

Бог да ја благослови Македонија”, стои во повикот на МПЦ-ОА потпишан од Архиепископот Охридски и Македонски Г г. Стефан.