Можно ли е соединување на овие две банки во Македонија?!

Намерите се навеистина сериозни, стартува процедурата за евентуално присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка, објави Фактор. Како што и најавија, од Комерцијална банка ја почнуваат постапката за дчлабинска анализа, од која ќе стане навистина јасно дали ќе се оствари присоединувањето кон нив на Стопанска банка Битола. 

  • Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека Надзорниот одбор на Банката на 25.04.2024 година донесе Одлука за спроведување постапка на длабинска анализа на целокупното работење на Стопанска банка АД Битола со цел да се дефинира намера за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје. По завршување на постапката на длабинска анализа, Комерцијална банка АД Скопје ќе донесе одлука дали да продолжи постапката со изразување на намера за склучување на трансакцијата на присоединување, за што јавноста ќе биде известена“, се вели во објавата која преку берзата ја сподели со инвеститорската јавност Комерцијална банка. 

Двете банки пред подолг период, односно во септември минатата година, ја најавија намерата за присоединување, и токму беше планирано дека тоа ќе се случи по објавувањето на годишните сметки на двете банкарски институции.

Наскоро ќе бидат познати многу повеќе детали околу можното спојување на двете банки, за кои наши извори своевремено кажаа дека Стопанска банка Битола би се припоила кон Комерцијална банка.

Комерцијалкна банка и сега е најголема банка во земјава со актива од над 2,5 милијарди евра.