Мицкоски од плоштад Македонија: Ја одбранивме Македонија, ние немаме друга татковина

“Овој народ овде се собра затоа што си ја сака и си ја штити Македонија. Ние друга татковина немаме. Вие бевте наша инспирација да издржиме целиот овој период. Одбравме да биде тешко но да не биде срамно. Не смее да биде срамно. Затоа радувајте се” – порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од плоштад Македонија каде се собраа огромен број граѓани да ја прослават двојната победа.

Мицкоски порача дека борбата подобар живот продолжува но важно е дека Македонија ја ослободиле достоинствено нејзините синови и ќерки.