Мисајловски: Да се мобилизираме сите на 8 мај за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да направи историски реформи!

Стигна и последниот ден од кампањата и навистина ми е драго за цела ова кампања што добивавме поддршка од сите страни. Една преубава позитивна кампања каде што, навистина, во првиот круг на 24 направивме една голема историја. Но, за таа историска победа биде уште поголема, сакам да ве поканам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Да дадеме поддршка на Гордана Сиљановска Давкова, но исто така и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за една историска, огромна победа, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборна единица 2.