Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ говорејќи за политичката состојба изрази незадоволство од рејтингот на земјата во ЕУ по десет години членство.

„Хрватска не е ни просечна во тој поглед, таа е на дното на Европската унија, кога се гледаат поранешните социјалистички земји.

Бугарија е единствената полоша и секој ден се молиме така да остане за да кажеме дека сме претпоследни“, рече Милановиќ како што пренесе N1.

„Не можеме да се задоволиме со тоа, мораме да бидеме во средината, да бидеме најдобри во конкуренција на Унгарија, Чешка, Романија, Бугарија… Како Словенија. Затоа ни е потребна децентрализација“, рече хрватскиот претседател.