Касами: „Вреди“ е апсолутен победник кај Албанците, од утре почнуваат преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на движењето Беса, Билал Касами, ја прогласи опозицијата во политичкиот блок на Албанците во Македонија за победник во средините со мнозинско албанско население и најави преговори за владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„Коалицијата ‘Вреди’ е апсолутен победник кај Албанците. Ова е резултат на доаѓањето на нашите иселеници. Затоа, 100 илјади пати им велам ‘благодарам, благодарам, благодарам’ на сите тие кои дојдоа и уште еднаш ја направија разликата во татковината. Затоа, во име на 100 илјади гласови на Коалицијата ‘Вреди’ им кажуваме ‘благодарам’“, изјави градоначалникот на Тетово.