Каракамишева: Македонскиот народ е БУДЕН, покажа дека е темелот на МАКЕДОНИЈА! – МАКЕДОНИЈА Е ЖИВА!

„Македонците ПОКАЖАА дека се темелот на Македонија! МАКЕДОНИЈА Е ЖИВА! Македонскиот народ е БУДЕН!“објави на својот фејсбук-профил д-р Тања Каракамишева, универзитетската професорка по уставен и политички систем, по вчерашната апсолутна победа на нејзината колешка и исто така универзитетска професорка по уставен систем д-р Гордана Силјановска-Давкова како нова претседателка на Република Македонија и по, исто така, апсолутната победа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ на парламентарните избори.