Како е можно за само два месеца, просечната плата да се намали за 730 денари?!

Просечните нето-плати од декември до февруари се намалуваат, а синдикалната кошница упорно поскапува. Во март имаше раст на минималната плата, па очекувањата се дека ќе има и раст на просечната нето-плата. Но, прашањето е – дали тој раст ќе ја подобри покриеноста на кошницата со заработувачката, анализира „Пари“. Анализата дава прилично разочарувачка слика за случувањата со животниот стандард. Во периодот од декември до март (заклучно со февруари), просечната нето-плата се намалила за 731 денар! Во истиот тој период цената на синдикалната кошница се зголемила за 954 денари!?

Сѐ уште нема податоци за просечна плата за март и за април, и очекувано е поради мартовскиот раст на минималната плата да се зголеми и републичкиот просек на нето-плати. Сепак, факт е дека априлската кошница е поскапа за 3.036 денари во однос на февруарската, а порастот на минималната плата, пак, е 2.392 денари.

Но, овој плус не значи дека семејствата со две просечни плати имаат пари за некој посебен луксуз. Поточно би било да се каже дека тие имаат пари за еден подостоинствен живот, затоа што пресметката на синдикалната кошница е по строги критериуми за најскоромна живеачка. Повеќе прочитајте на порталот Пари.мк. Таму го има и видеото во кое гостува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски.