„Инфошќип“: Пропаѓа обидот на албанската партија во власта *** за бојкот на претседателските избори и да предизвика политичка криза!

„Пропаѓа обидот на албанската партија во власта *** за бојкот на претседателските избори. Успешно ќе се постигне цензусот од 40 отсто за избор на претседател, а ќе падне во вода обидот на таа албанска партија во власта *** и на коалицијата *** ****, која ја предводи, да се предизвика политичка криза.“ – констатира информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата информација со наслов „Пропаѓа обидот на албанската партија во власта *** за бојкот на претседателските избори“.

„Инфошќип“ пишува: Според податоците на Државната изборна комисија за одѕивот на гласачите до 11 часот, може да се забележи дека разликата во одѕивот за парламентарните и претседателските избори е само 1 процент. За парламентарните избори гласале 12 проценти од гласачите, а за претседателските 11 проценти.

Овој тренд на гласање покажува дека успешно ќе се постигне цензусот од 40 отсто за избор на претседател, а ќе падне во вода обидот на таа албанската партија во власта *** и на коалицијата *** ****, која таа го предводи, да се предизвика политичка криза.