„Инфошќип“: ДУИ како партија остана само со 9 свои пратеници, 10 се од другите албански партии и од малцинствата во „ЕУ-фронтот“!

„ДУИ како партија остана само со 9 свои пратеници, со кои ќе учествува во новиот состав на Парламентот! Преостанатите 10 пратеници се од другите албански партии, како и од малцинствата во состав на Европскиот фронт!“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата вест со наслов „ДУИ остана со 9 пратеници“.

„Инфошќип“ дополнува во веста: Во минатиот мандат ДУИ имаа 15 свои пратеници во Собранието!