Изборен инцидент во Радуша, функционер дупел гуми на набљудувачи, не давал влез на избирачки места

Утрово се случил инцидент во скопското село Радуша каде на член на опозициска партија и овластен набљудувач од Сарај им ги дупнале гумите на автомобилот пред влезот во селото.

Организатор на инцидентот е актуелен функционер во еден македонски затвор и внук на поранешен пратеник, информираат жители на селото.

Лицата кои ги прават инцидентите според очевидци пцуеле, се заканувале и не им дозволувале да се влезе на избирачките места.

Во Радуша денеска утрово имало минимално полициско присуство поради што имало пречки да се воспостави јавен ред.

Селото Радуша се наоѓа на дваесетина километри од Скопје во правец на Косово а за пошироката јавност е познато по сериозните судири во конфликтот од 2001.