Ибрахими: Турците, Ромите, Бошњаците му го спасија образот на Ахмети, инаку Вардар не ќе можеше да го испере!

„Им реков ‘немојте со акробации со етничките заедници’, ама така сакаа и им се случи народот. Вечерва Али Ахмети мора да излезе во јавноста и да им се заблагодари на браќата Турци, Роми, Бошњаци и Торбеши , кои му го спасија образот, инаку не ќе можеше ниту Вардар да го испере!“објави Зеќирија Ибрахими, генералниот секретар на Алтернатива, членка на албанската коалиција „Вреди“, по завршувањето на парламентарните и претседателските избори во Македонија.

Оваа објава на Ибрахими е и соодветна порака до ДУИ и на Али Ахмети, како творци на „мултиетничкиот“ и  така наречен „Европски фронт“, кој низ фејсбук одделни Албанци веќе го нарекуваат и „Фронт на арамиите“.