За да биде успешен вториот круг од претседателските избори, односно да се избере иден шеф на државата, потребно е на гласање да излезат најмалку 40% од вкупниот број запишани избирачи.

Tоа значи дека од вкупните 1.814.317 избирачи, на гласање треба да излезат најмалку 725.727 гласачи.

Во првиот круг претседателски избори што се одржа на 24 април и на кој имаше дури 7 кандидати, за профсорката и кандидатка Гордана Силјановска Давкова гласаа 363.085 избирачи, а актуелниот претседател и кандидат за уште еден мандат Стево Пендаровски освои 180.499 гласови.

На денешниот втор круг, победник ќе биде кандидатот кој ќе освои најмногу гласови.