Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свеченото промовирање на нови полицајци – генерација 2023-2024 година.

Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци, од кои 416 се мажи, а 92 се жени.

Техничкиот премиер Талат Џафери, честитајќи им на новите припадници на полицијата, покажа дека да се биде на првата линија на безбедноста е благородна должност и воедно многу одговорна.

„За професионалниот полицаец, нема помалку или повеќе важна задача. Сите граѓани се еднакво исти пред законот и имаат еднакво исто право на безбедност., рече Џафери.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека полицајците ги очекува една нова етапа.

„Најпрво би ви порачал секојпат да имате на ум дека секој еден од вас е креатор на сопствената среќа. Вашиот успех зависи само од вас. Вашиот успех треба да заврши само од вашата стручниост, кооперативност, добра волја“, истакна Тошковски.

Порача дека законот мора да се почитува, како и дека секоја добра промена почнува од поединецот, од неговиот светоглед, поведение и дејствување, а не обратно.

„Секако говорам за интергритетот кој што е суштинска спротивност од подмитливоста, или поткупливоста, од лицемерието, од непочитувањето на законите или од селективната правда. Вие како млади луѓе пред кои е иднината имате право, можност, одговорност и секако обврска секој во својот домен на способности и афинитети да даде свој придонес за подобра и попросперитетна заедничка иднина“, рече министерот Тошковски.