До 11 часот 12,87 % е излезноста за претседателските, 13,69 % за парламентарните избори

13.66% гласале за парламентарните избори до 11 часот од обработени 95.92% од избирачките места, според податоците на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК).
А, излезноста до 11 часот на претседателските избори, според 95.47% од обработени избирачки места, е 12.53%. Досега, на претседателските избори гласале 221.070 гласачи

Најголема излезност има во третата изборна единица, односно 17.59%, по што следува четвртата изборна единица со 15.34%, првата изборна единица со 14.82%, втората изборна единица со 13.31%, петтата со 13.22%, додека најмала излезност има во шестата изборна единица 8.59%.